Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

ЗНАМ: КПД-Прилеп денес е побезбедна, поефикасна и пофункционална институција

КПД-Прилеп денес е побезбедна, поефикасна и пофункционална институција. Движењето ЗНАМ – За…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

КПД-Прилеп денес е побезбедна, поефикасна и пофункционална институција. Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишното учество во Владата, преку конкретните резултати на функционерите од своите редови, се вели во соопштението на ЗНАМ од отчетот на Емил Јанески, Директор на КПД-Прилеп.

КПД-Прилеп е пример дека со одговорно раководење, системски пристап и јасни приоритети може значително да се промени состојбата во една институција.

Пред две години, во април 2024 година, вработените протестираа поради нарушената безбедносна состојба. Денес, по преземените мерки, КПД-Прилеп е меѓу најбезбедните казнено-поправни установи во државата.

Реклама

Но, за ЗНАМ, безбедноста не значи само контрола. Таа значи и достоинствени услови, здравствена заштита и создавање реални можности за ресоцијализација и враќање на осудените лица во општеството.

Во изминатите две години подобрени се условите за сместување, реновирани се санитарните јазли, обезбедена е топла вода преку соларни панели, а воведен е и современ систем за ладење со користење природен ресурс од затворскиот бунар, без дополнителен финансиски трошок за установата.

Зајакната е здравствената заштита со ангажирање лекар и вработување медицински сестри, а со поставувањето на телефонски говорници е олеснет контактот на осудените лица со нивните семејства.

Особено важен дел од политиката е работниот ангажман. Во КПД-Прилеп функционираат фарми, се обработуваат околу 19 хектари земјоделски површини и работилници, а преку договори со компании и институции се овозможува работа и надвор од установата.

Така, осудените лица стекнуваат работни навики и вештини, а институцијата рационално ги користи сопствените ресурси. Трошокот за исхрана на едно осудено лице изнесува околу 50 денари дневно.

Истовремено, подобрени се и условите за работа на затворската полиција, со нови униформи и противпожарна опрема. Ова е суштината на политиката на ЗНАМ – институциите да не бидат само потрошувачи на јавни средства, туку функционални системи што создаваат резултати и јавна вредност.

КПД-Прилеп денес е поорганизирана, побезбедна и поефикасна институција. Тоа е резултат на работа, одговорност и воспоставување функционални системи.

Две години работа. Две години резултати. ЗНАМ – политиките преточени во конкретни промени.