Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче проговори за скандалот тежок 37 милиони евра дури откако се скара со Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор

Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден 37 милиони евра, поврзан со периодот кога Петровска беше министерка за одбрана, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Филипче да не молчи и да престане со двојните аршини, доколку навистина се залага за европски вредности и борба против корупцијата.

Филипче да каже од кога знаел и зошто за овие наводи Филипче не зборувал порано?

Реклама

Ако со вакви информации располагал зошто не ги доставил до надлежните институции? Дали станува збор за сознанија што ги имал и претходно, или за тема која ја отвори дури откако започна политички судир со Петровска?

Ова не смее да остане на ниво на меѓусебни обвинувања.

Ако Филипче има докази, нека ги достави до ЈО. Ако има сознанија, нека ги обелодени.

Бидејќи кога се зборува за 37 милиони евра, не станува збор за внатрепартиска кавга, туку за јавен интерес и за одговорност пред граѓаните.

Затоа Филипче ако знаел, зошто молчел, а проговори дури откако се скара со Петровска?

Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.