Утрово најстудено е во Берово, каде се измерени -2 степени, додека во останатите градови температурата се движи од 1 до 10 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне 26 степени.

