Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Владата на СДСМ прифати сè што Бугарија побара. Дури договараа и продажба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата на СДСМ прифати сè што Бугарија побара. Дури договараа и продажба на пет приватни македонски компании. И затоа сме во оваа позиција – истакна заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски. 

– Во 2022 година СДСМ ѝ прифати сѐ на Бугарија, им дадоа празен лист на Бугарите, Бугарите си напишаа што сакаат и овие го потпишаа. Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Христијан Мицкоски не се договараше во пакет и тоа не знам како затоа што се работи за приватни компании – на Бугарија да ѝ се продадат една национална телевизија, еден телеком-оператор, една банка, еден рудник и еден кабелски оператор. Ние такви работи не договаравме, ниту договараме. И тоа Бугарија го правеше затоа што виде дека на другата страна има сервилна влада, која е спремна да продаде сè. Такви работи договараше владата на СДСМ предводена од Зоран Заев, од Димитар Ковачевски, каде што министер за здравство беше и Венко Филипче – посочи Николоски во интервју за Радио Лидер.

Суштинската разлика, како што потенцира Николоски, е тоа што СДСМ ги продавал националните интереси и затоа граѓаните го казнија на изборите.

Реклама

– Тоа е суштинската разлика помеѓу нас и нив. Ние мора да се концентрираме на овие работи затоа што мора да знаеме како сме стигнале до овде. Ние не сме стигнале до овде затоа што сме се разбудиле едно утро и немаме попаметна работа, па ајде сега ќе се расправаме со соседите, туку затоа што на другата страна имаше политичка структура, која единствено и само имаше интерес да ги наполнат џебовите и да ја дувнат и затоа сега се во состојба во каква што се. Народот во 2024 година јасно кажа. ВМРО-ДПМНЕ доби 58 пратеници заедно со коалицијата, со „Вреди“ и со ЗНАМ, СДСМ доби 18 пратеници.  СДСМ е бетониран горе-долу на оваа бројка на пратеници што ја гледате и што ги има сега. Може да се еден-два пратеници минус или еден-два пратеници плус, ако имаат малку повеќе среќа на изборниот ден. Природно е во секоја европска држава опозицијата да расте, а вие не растете, тоа значи дека имате проблем – нагласи Николоски во интервјуто.