Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Од 23 до нови триесетина: Свето Стаменов го збогатува македонскиот фонд на Конгресната библиотека во Вашингтон

Референтната специјалистка на Европската дивизија на Конгресната библиотека во Вашингтон и специјалистка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Референтната специјалистка на Европската дивизија на Конгресната библиотека во Вашингтон и специјалистка за Македонија, Енџела Кенон, деновиве во зградата „Џеферсон“ на Библиотеката приреди прием за македонскиот новинар, политиколог и публицист Свето Стаменов, кој во почетокот на септември, во рамките на донацијата посветена на неговата сопруга Искра Чоловиќ (1960–2023), ѝ подари 23 книги од своето творештво.

Донацијата опфаќа значаен дел од творечкиот опус на Стаменов, меѓу кои се: „Блаже Конески – македонски тестамент“, „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст“ (второ изменето и проширено издание), „Силината на една книга“ (120 години од објавувањето на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков), „Quo vadis, Професоре?“ (разговори во политичкиот етер со професор емеритус Димитар Мирчев), како и второто изменето издание на „Охридски разговори“ – I книга (2003–2007) и „Охридски разговори“ – II книга (2008–2013).

Меѓу донираните публикации се и коавторските книги на Свето Стаменов и Искра Чоловиќ: „Даница Ручигај и книжевната критика“, македонското и српското издание на „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“, како и специјалните изданија на „Лебедовата песна на Заробеничката на ветрот“ на македонски и српски јазик – на кирилица и латиница – и на англиски јазик, објавени по повод годишнината од смртта на Искра Чоловиќ и 90-годишнината од раѓањето на првата македонска поетеса Даница Ручигај (1934–1963).

Реклама

Донацијата ги опфаќа и антологијата „Недореченост, о проклета да си“ и монографијата „Поглед врз Старата скопска чаршија“ од 1997 година, исто така, во авторство на Искра Чоловиќ и Свето Стаменов, како и книгата на Даница Ручигај „Сребрени ноќни игри & Заробеници на ветрот“, што Чоловиќ и Стаменов ја приредиле по повод 40-годишнината од трагичната смрт на поетесата.

Во даруваниот фонд е и книгата „Господ да ја благослови Македонија“, посветена на претседателот на Македонија Борис Трајковски (1956–2004), по повод 20-годишнината од неговата трагична смрт, како и во спомен на Искра Чоловиќ (1960–2023), доајен на македонското радиоспикерство, новинар и публицист. Книгата е дело на Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска.

Во донацијата се и второто изменето и проширено издание на „Скопски разговори“ на Свето Стаменов и Милан Јазбец; словенечкото и македонското издание на словенечко-македонската двојазична стихозбирка „Venec za Iskro – Венец за Искра“, како и книгата на Милан Јазбец „Поклон пред бардот на македонскиот журнализам: Свето Стаменов“; и македонското и англиското издание на „Монолог на душата“ од Александар Сандевски.

На приемот Кенон го запозна Стаменов и со информацијата дека шест негови книги, кои Библиотеката претходно ги набавила за својот фонд, веќе биле каталогизирани. Станува збор за „Поглед врз Старата скопска чаршија“ – второ скратено и изменето издание и „Даница Ручигај: Песна над песните“, чии автори се Свето Стаменов и Искра Чоловиќ, како и за книгите „Како да се нацрта разговорот“ на Свето Стаменов и Људмил Спасов, „За македонистиката отворено“ – I книга на Свето Стаменов и Димитар Пандев, „За македонскиот XIX век“ – радио-интервјуа со Славчо Ковилоски – на Свето Стаменов, „Религијата и културата: нераскинлива врска меѓу народите“, чии автори се Свето Стаменов, Билјана Таневска Спировска и Лазо Билбиловски, како и „Амбиент“ 3/1 од Зоран Иванов, во редакција на Свето Стаменов.

На средбата е договорена и нова донација од триесетина книги од творештвото на Свето Стаменов, која треба да се реализира во текот на идната година. Со тоа дополнително ќе се збогати книжниот фонд на македонски јазик што го поседува Конгресната библиотека во Вашингтон.

На средбата било понудено и воспоставување своевиден дигитален фонд на дел од творештвото на Стаменов, односно Конгресната библиотека да располага со PDF-верзии на неговите книги, со ексклузивно право на нивно користење од страна на Библиотеката, додека за користење од други библиотеки би била потребна писмена дозвола од авторот или од неговите наследници.

Кенон на приемот презентирала и дел од книгите на македонски јазик што ги поседува Конгресната библиотека, при што посебно внимание посветила на „Манифест на АСНОМ: Антифашисткото собрание на народното ослободувајне на Македонија“ од 1944 година, во издание на Президиумот на АСНОМ, кој, како што истакнала, самата го набавила во антикварница во Германија, како и на „Граматика на македонскиот литературен јазик“ – Дел I на Блаже Конески од 1952 година, во издание на Државното книгоиздателство на НР Македонија.

Средбата во Конгресната библиотека претставува продолжение на соработката започната со септемвриската донација од 23 книги и отвора можност творештвото на Свето Стаменов, како и дел од македонското културно и книжевно наследство застапено во неговите изданија, трајно да биде присутно во една од најзначајните библиотечни институции во светот.