Реклама

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Македонија

Македонската книжевност ќе биде претставена на саемот во Франкфурт

Македонската книжевност  ќе биде претставена на Саемот на книгата во Франкфурт, еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската книжевност  ќе биде претставена на Саемот на книгата во Франкфурт, еден од најзначајните светски собири на издавачката индустрија, кој од 7 до 11 октомври ќе ги собере издавачите, авторите, литературните агенти, преведувачите и професионалците од книжевниот и креативниот сектор од целиот свет.

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) соопшти дека го продолжува континуираното присуство на македонската книжевност во Франкфурт, годинава со освежен изглед на националниот штанд, со повеќе книги и автори и со појасно структурирана понуда наменета за меѓународниот издавачки пазар.

-Асоцијацијата го продолжува препознатливиот комуникациски концепт „Читај во 7/8“, воспоставен минатата година како идентитет на националниот настап во Франкфурт. Ритамот 7/8, карактеристичен за македонската музичка традиција, во овој концепт е, пред сè ,метафора за македонската книжевност – книжевност со сопствен ритам и препознатлив глас. Во фокусот ќе бидат современата македонска книжевност и литературата за деца, како и можностите за поддршка на нови преводи и странски изданија. Посебен акцент на годинашното претставување ќе биде ставен на можностите за финансиска поддршка на преводот и објавувањето македонски автори во странство. На Саемот во Франкфурт МАИ ќе го промовира и актуелниот конкурс на Министерството за култура и туризам за финансирање превод на странски јазици, соопшти МАИ. 

Реклама

Бојан Саздов, претседател на Македонската асоцијација на издавачи, изјави дека присуството во Франкфурт не го гледаат како краткотрајна презентација, туку како процес што мора да се гради од година во година.

-Во изминатиот период поставивме основа – препознатлив концепт, каталози со најдоброто од македонската книжевност, и директни контакти со меѓународниот издавачки сектор. Годинава одиме чекор понатаму: со повеќе книги и автори, со јасно структурирана понуда и со конкретни можности за финансиска поддршка на преводите и странските изданија. Нашата цел е интересот за македонските автори да го претвораме во конкретни преводи, изданија на други јазици и долгорочни партнерства, истакнува Саздов. 

Македонската делегација во Франкфурт ја сочинуваат претставници на издавачките куќи членки на МАИ, кои претставуваат најголем дел од македонскиот издавачки сектор. Тие на саемот ќе ги претставуваат не само сопствените издавачки програми, туку и авторите и делата застапени во каталозите, со цел за нив да се отворат нови можности за преводи, продажба на авторски права и соработка со странски издавачи.

Саемот на книгата во Франкфурт е еден од клучните годишни собири на светската издавачка индустрија и водечко место за трговија со авторски права и содржини, професионални средби и воспоставување нови меѓународни партнерства. На годинашното, 78. издание на Саемот во Франкфурт, земја почесен гостин е Чешка.

-Саемот на книга во Франкфурт трае пет дена, но меѓународната промоција на македонската книжевност трае во текот на целата година. Токму континуитетот во присуството, градењето контакти и создавањето долгорочни партнерства се во основата на настапот на МАИ – со цел македонските приказни со свој уникатен ритам да продолжат да патуваат и да се читаат на сè повеќе јазици, додава МАИ во соопштението. 

Националното претставување на македонската книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.