Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

ВМРО – ДПМНЕ : Филипче нервозен и во паника, СДСM нема што да им понуди на граѓаните додека Владата на ВМРО-ДПМНЕ испорачува резултати и носи инвестиции

Венко Филипче е видливо нервозен и во паника бидејќи и самиот знае…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче е видливо нервозен и во паника бидејќи и самиот знае дека СДСM нема што да им понуди на граѓаните, Филипче нема кредибилитет, а рејтингот на партијата им се топи и е на маргините на политичката сцена, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

СДСM и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство, Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции.

Во однос на ЕУ, граѓаните знаат дека СДСM, Филипче и Заев се квислизите, а сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ. Македонија е блокирана од Бугарија токму поради понизноста на СДСM, на Заев, Османи и останатите.

Реклама

СДСM е таа, која прифати услов уставни измени, за кои немаа уставно мнозинство и ја ставија државата во ќорсокак.

Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен и пензиите редовно и навремено се исплаќаат. За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДСM.

Во однос на горивата, во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата имаме најниски цена во регионот и пошироко.

За разлика од владеењето на СДСM и ДУИ, кои ги ограбија граѓаните, ја опустошија државната каса и ја оставија државата на раб на банкрот, сега макроекономската слика во земјава е стабилна.

СДСM и ДУИ истрошија милионски буџети во државата, а немаа ниту еден значаен проект, немаа инвестиции, немаа нови фабрики.

Денес, Македонија има трипати поголем просечен раст од ЕУ. Во изминатите 27 месеци, односно 8-9 квартали од избирањето на оваа Влада, просечниот раст е над 3,5 проценти на реална основа во услови кога кај нашиот најголем трговски партнер, Европската Унија или еврозоната, тој се движи помеѓу 1 и 1,2 процент. Тоа е трипати повеќе во споредба со просечниот раст кај нашиот најголем трговски партнер.

Денес, интензивно се работи на гасното поврзување по Коридорите 8 и 10. Со јужниот и северниот интерконектор, Македонија ќе стане важна транзитна земја што ќе го поврзува терминалот во Александропулис со Централна Европа, создавајќи нови можности и дополнителни приходи за државата.

Исто така, Државниот завод за статистика ги објави податоците за увоз-извоз, и веќе втор месец од третиот квартал, покрај јули и август, имаме 11,5 проценти раст на извозот, 8,5 проценти раст на увозот. Значи, извозот побргу се зголемува отколку увозот.

Денес имаме позитивната динамика во економијата.

За разлика од безидејната СДС, која нема што да им понуди на грѓаните, Владата на ВМРО ДПМНЕ испорачува резултати, реализира проекти и носи инвестиции.