Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Конески: Младите се авангардата на општеството, студентите се поврзаа со локалните самоуправи

Тодор Конески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тодор Конески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Унијата на млади сили, во ,,Ноќно студио“ на 4ТВ, се осврна на повеќе теми кои ги засегаат младите во земјава, меѓу кои беа студентскиот стандард, домашната образовна структура и вклучувањето на младите во општествените процеси. Според него, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во фокус ги има младите уште од сам почеток, а како што кажа, тестамент за тоа е фактот што политиките за млади добија свое место во рамки на министерски ресор, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

,,Ова е првиот тестамент дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски,  младите ги става во центарот на своите политики“, вели Конески.

Во врска со договорот кој беше склучен помеѓу Министерството за локална самоуправа, ИНОВА и државните универзитети минатата година, тој вели дека студентите се поврзале со локалните самоуправи, како практиканти, во месеците август и септември годинава.

Реклама

,,Студентите од универзитетите ги поврзавме со локалните самоуправи. Тоа беше една интересна политика, со којашто успеавме младите професионалци да ги поврзиме со своите локални самоуправи, да бидат практиканти и додадена вредност на локалните самоуправи. А од друга страна, локалната самоуправа да добие еден оперативен бонус во својата работа. Младите се авангардата на ова општество и најголемата додадена вредност на ова општество и кога ние можеме успешно да ги вметнеме младите во процесите кои се одвиваат во локалната самоуправа, ние можеме да добиеме една локална самоуправа, којашто може да размислува на покреативен и пофункционален начин.  Неопходно е во локалната самоуправа да ги вметнеме младите“, истакна Конески.

Тој смета дека квалитетот на домашните универзитети е нешто на коешто треба да се пристапи од, како што вели, генерално ниво, а особено важно истакна дека е обезбедување на квалитетна инфраструктура и добри услови за студентите во земјава.

,,Тоа е еден цел мозаик на фактори, коишто треба успешно да се спојат, за да можеме да креираме успешен образовен систем. МОН работи одлично во таа насока, досега има 13 студентски иницијативи коишто биле поднесени до МОН, од кои 12 се прифатени. Тоа значи дека МОН има слух за проблемите на студентите и како да се решат и е кооперативно кога доаѓа до нови решенија, за коишто студентите сметаат дека се корисни“, кажа Конески.