Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, се сомничи за „примање награда за противзаконито влијание“

Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во моментов врши претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Битола, поради постоење на основи на сомнение за „примање награда за противзаконито влијание“. 

Претресите, како што информираат од Обвинителство, се врз основа на обезбедени судски наредби и ги вршат припадници на МВР, а повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на дејствијата во текот на утрешниот ден.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција обезбеди судски наредби за претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик – информираат од ЈОРСМ. 

Реклама

Дел од медиумите објавија дека, неофицијално претресот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.