Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ќе го изгради затворениот базен во Охрид.
„Започнат во 2015 и заборавен како и многу други проекти. Со сериозна и посветена работа и овој проект ќе се реализира“, напиша Николоски.
Владата на денешната редовна седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид. Проектот започна во 2015 година, но речиси 11 години остана незавршен.
По преземањето на надлежностите, Министерството за спорт направило анализа и ревизија на проектот, при што биле утврдени техничките, финансиските и административните пречки кои го оневозможувале неговото завршување.
Како дел од постапката е предвидена и измена на основниот проект, со што се создаваат услови изградбата да продолжи.
За целосно завршување на затворениот базен во Охрид се обезбедени 470 милиони денари.
Со реализацијата на проектот, Охрид ќе добие современ спортски објект за тренинг на спортистите, развој на младите категории и организирање натпревари во пливачките спортови.
Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:

