Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Мрежата за заштита од дискриминација против предлогот за индивидуално договарање на неработните денови

Мрежата за заштита од дискриминација е против предлогот на Стопанската комора за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мрежата за заштита од дискриминација е против предлогот на Стопанската комора за неработните денови и за нивно индивидуално договарање меѓу работниците и работодавачите, оценувајќи дека работничките права мора да останат законски гарантирани и да не зависат од поединечни договори.

Во реакцијата, Мрежата наведува дека користењето на работничките права не смее да зависи од волјата на работодавачот или од преговарачката позиција на работникот, особено имајќи предвид дека работниците со пониски примања и несигурни форми на вработување се најизложени на притисоци.

– Работничките права мора да бидат заштитени со закон и колективни договори. Нивното користење не смее да зависи од волјата на работодавачот или од преговарачката моќ на работникот – се наведува во реакцијата.

Реклама

Од Мрежата сметаат дека индивидуалното договарање за користење на неработните денови може да доведе до ситуации во кои работниците, стравувајќи за своето работно место, ќе се откажуваат од правата што им следуваат.

Во реакцијата се посочува и дека ниту работодавачите ниту Стопанската комора не треба да одлучуваат кој и под какви услови може да користи празник како неработен ден.

Мрежата за заштита од дискриминација бара сите евентуални измени што ги засегаат работничките права да бидат предмет на социјален дијалог меѓу Владата, синдикатите и работодавачите.

Оттаму апелираат до Владата да не прифаќа префрлање на постојните права од законска гаранција во сферата на индивидуалното договарање, како и да се задржи постојната заштита која предвидува дополнителен неработен ден кога празник паѓа во недела.

Според Мрежата, подобрата продуктивност не се постигнува со намалување на правата на работниците, туку преку инвестиции, подобра организација на работата, безбедни услови за работа и достоинствени плати.

– Ни требаат подобри услови за работа, силни колективни договори и вистински социјален дијалог. Работничките права не се предмет на пазарење – порачуваат од Мрежата за заштита од дискриминација.