Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Затнат одвод во тоалет во студентскиот дом „Стив Наумов“ од фрлени влажни марамчиња, Јаневска повика на совесност и грижа кон јавните добра

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје вчера интервенирале во тоалет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје вчера интервенирале во тоалет во реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, каде што одводот бил затнат поради фрлени влажни марамчиња. На „Фејсбук“ реагира министерката за образование и наука Весна Јаневска, која побара поголема совесност и одоворност на студентите сместени во домот, кој беше темелно реконструиран и отворен пред две недели. 

– Апел и одговорност – ова повеќе да не се случува! Обезбедивме најсовремени услови за престој на студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“. Но, за тие услови да останат такви, неопходна е одговорност, совесност и грижа од сите што го користат домот. Ова се случи вчера, само две недели по вселувањето во домот – затнат тоалет поради фрлени влажни марамчиња. Неразградливите материјали не припаѓаат во тоалетната школка и може да предизвикаат сериозни проблеми со канализацијата. По интервенцијата на ЈП „Водовод и канализација“, проблемот беше отстранет, а просториите исчистени – напиша Јаневска на својот фејсбук-профил. 

Министерката укажува дека реконструираниот дом е капитална инвестиција, во која, како што наведе, вложени се многу труд, време и средства.

Реклама

– Тоа е инвестиција за студентите денес, но и за многу генерации што допрва ќе престојуваат во него. Затоа апелираме до сите студенти да се однесуваат одговорно, да ги чуваат домот и заедничките простории. Да покажат почит кон јавните добра. Да бидат пример за добро однесување и заедно да им оставиме на идните генерации студенти исто толку добри и пристојни услови за престој – пишува во објавата на Јаневска на „Фејсбук“.