Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски како папагал со предавничките политики на Филипче, им смета дека Фон дер Лајен ги пофали реформите и дека Владата работи на подобри позиции

Талогот на општеството Жерновски излезе и ништо паметно не кажа, туку како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот на општеството Жерновски излезе и ништо паметно не кажа, туку како папагал ги повтори предавничките политики на неговиот шеф Филипче, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да си губи време, можеше само да рече дека се појавил оти му наредиле да ги повтори антимакедонските ставови на Венко кој веројатно немал време планирајќи пат за Дубаи или концерт на Харис Џиновиќ.

Кога главниот Коте од Руља на Заев и Филипче, односно лажниот амбасадор Жерновски излегува да збори за надворешна политика, тогаш јасно е дека Владата е на добар пат, затоа што нив во СДСM им смета се што е добро за Македонија и македонските граѓани.

Реклама

Оттаму никому не му е чудно зошто во СДСM се крена хистерија кога токму на средбата со претседателката на Европската Комисија се иницираше подобрување на преговарачките позиции на Македонија и одблокирање на патот кон ЕУ во кој токму СДСM не заглавија прифаќајќи се што им се нуди на маса.

Со што ли се задолжени СДСM во Бугарија штом се крена толкава хистерија дека постои можност за добивање гаранции и подобри позиции за Македонија?

Воедно залудни им се на СДСM лагите и манипулациите кога јавно Фон Дер Лајен ја истакна Македонија предводена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ како пример за спроведување на реформите и посветена работа за приклучување на Македонија кон ЕУ.

Кога сме кај европско обвинителство, единствени на кои им смета независно правосудство се СДСM, затоа што независни судии и обвинители нема да може да се обидуваат да го спасуваат Филипче како за случајот со модуларната.
 
И токму тоа им смета на СДСM, нив им смета се што е добро и се што оди напред. Како што им сметаат реформи им сметаат патишта, болници, Клинички центар, железница, дата центри, инвестиции и нови работни места.
 
Тоа е и целта на талогот СДСM и Жерновски да не влечат надолу, да нема никаков успех, но нема да им успее, затоа што таквите нивни губитнички и антидржавни и антинародни политики никогаш нема да се вратат и повторат. За среќа на граѓаните, а за жал на СДСM, Македонија има Влада која работи за доброто на државата и државните и национални интереси.