Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Прилози

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Артан Груби наредната недела излегува на слобода, но тоа, се чини дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Артан Груби наредната недела излегува на слобода, но тоа, се чини дека не му е доволно. Освен што ќе може да излегува од дома, веројатно сака и да ги има придобивките на секој слободен граѓанин, иако против него се води судски процес за проневера на речиси 10 милиони евра во Државната лотарија. Сега решил да си го врати пасошот за што нуди и парична гаранција. Неговите бранители излегоа со предлог за гаранција во имот во вредност од 335000 евра, што, според нив,  би требало да биде доволно да се убеди судот дека Груби нема да избега од државата за време на судењето. Во моментов, покрај мерката куќен притвор која истекува за точно една недела, за  Груби важи и мерка за претпазливост, односно одземање на патната исправа и забрана за издавање на друга.

„Во однос на оваа мерка на претпазиливост, одбраната до Судот достави предлог, со кој, согласно член 150 од Законот за кривичната постапка, предлага нејзино укинување со определување гаранција. Имено, одбраната понуди недвижен имот во вредност од 335707 евра како гаранција дека обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка“, соопштија од Основен кривичен суд Скопје

Според законот, мерката куќен притвор може да трае најмногу 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог, во овој случај тој беше поднесен на 13 август. Но ова не важи и за мерката претпазливост на чие симнување работи одбраната на Груби. Таа мерка законски ќе продолжи да важи и по истекувањето на двата месеца.

Реклама

Конечниот збор ќе го има судот, земајќи ги предвид сите факти. Артан Груби беше во бегство надвор од државата. Тогаш кажа дека не бега од правдата туку отишол да заврши некоја работа по што веднаш ќе се врател во Македонија. И се врати, но 14 месеци подоцна, кога доброволно се предаде на полициските злужбеници на граничниот премин Блаце. На првото рочиште за случајот Државна лотарија се изјасни за невин.