Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Tоп

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Ни железните профили кои биле само маска не помогнале речиси 80 килограми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ни железните профили кои биле само маска не помогнале речиси 80 килограми марихуана да завршат на турскиот пазар. По добиени разузнавачки информации, криминалната група која сакала да ја приошверцува дрогата била фатена на граничниот премин Дојран. Меѓу уапсените е и шофер од Босна и Херцеговина, ској со себе ја имал пломбата од камионот натоварен со железни профили кои требало да се испорачаат во Грција, а марихуаната да продолжи до Турција.

Оваа заплена е само последна од низата апсења во последниве две години, кои се одвиваат во рамките на голематѕа акција „Чистач„, со кој македонија терба да се исчисти од криминалцуите. Над 75 илјади претресени, 5600 уапсени и над 1150 кривични пријави.

Но залудни ќе бидат апсењата, заплените и акциите на полицијата доколку криминалците на крајот добиваат благи казни и повторно се враќаат на улица. За докрај да се расчистува со криминалот, тргоцијата и шверцот со дрога потребна е  ефикасна и строга казнена политика. Според полицискиот началник Ѓурчевски, резултатот на МВР се должи и на пресекувањето на долгогодишната врска помеѓу политичките елити и криминалното подземје.

Реклама
  • „Тука мислам дека Министерството постигна најголеми успеси, во раскинување на таа како што вели папочна врска помеѓу политичките елити и криминалните групи, кои што во изборните процеси ги вршат валканите работи во интерес на политичките елити а згора на тоа добиваат и заштита во делот на остварување на неказнивоста“ – Љубомир Ѓурчевски – поранешен началник во МВР. .

Но сепак, придобивкирте од акциите на МВР ќе бидат целосни кога и другите истражни и органи на прогонот подеднакво ќе се заложат во борбата против криминалот. Ѓурчевски вели дека дури со споредба на сработеното од обвинителите ќе може да се види колку од случаите се процесуирани.

  • „Мене многу ми е битно, на тие податоци со кои што излезе МВР, дека се приведени 5000 и нешто, извршени 2000 претреси на лица и објекти, што се активности за секоја пофалба, мене ми е многу битно и судските органи судските органи односно јавното обвинителство да излезе со податоци колку од тоа е процесуирано, како е процесуирано…“ рече Љубомир Ѓурчевски – поранешен началник во МВР.

Со расчистувањето на организираниот криминал, уличните престрелки и насилства, трговијата со дрога и тешките кражби по домови, МВР придонесува за поголема безбедност, особено во делот што директно ги засега граѓаните.