Пензискиот систем е стабилен и сигурен и во него засега нема да се чепка ништо. Премиерот Мицкоски уверува дека пари за пензии има и ќе продолжи да има, со стратегијата за пренасочување на средства од онаму каде трошењето е непродуктивно и има злоупотреби. Останува на ставот дека пензискиот систем е стабилен и дека оваа Влада ги зголемила пензиите како ниту една власт досега. Според него, проценките за состојбата се различни, а за граѓаните треба да биде важна целокупната слика, наместо поединечни ставови:
„Ние во моментот имаме стабилен пензиски систем и во таа насока ќе продолжиме и во иднина. Не треба апсолутно никој да се грижи. Директорот на Пензискиот Фонд, претпоставувам има свој став. Ние не треба секогаш да се зложуваме со ставовите на луѓето од Владата. Реформата во ПИОМ кога е направен вториот столб, не се водело сметка за резултатите после 10,12,15 години. Денеска ги гледаме тие резултати, но повторно ќе кажам и покрај тие предизвици ние имаме стабилен пензиски систем и имаме зголемување на пензиите како што до сега никогаш не се случило во независна Македонија.“, изјави Христијан Мицкоски, премиер на Република Македонија.
Дилемите околу стабилноста и одржливоста на пензискиот фонд го отвори фискалниот совет кој повикува на реформи за да се спречи растечкиот дефицит. Тие изнесоа и конкретни предлози, како постепено зголемување на придонесите од 18,8 на 20 проценти, промени во старосната граница за пензионирање, намалување на сивата економија и поинаков пристап кон зголемување на пензиите. Премиерот е свесен дека предизвици постојат, но она што е клучно според него е што политиките на овој план даваат резултати и покрај наследените состојби:
„Во услови кога имавме состојба каква што имавме, ограбена држава, униѓтена држава, нефункционални институции, демотивирани административни работници, влечеме и и звлековме максимум во овие 27 месеи. Така што, за се има и за и против. Важно е тоа што е за да биде попрудентно од тоа што е против .“, вели Мицкоски.
Фискалниот совет предупреди дека дефицитот во фондот се зголемува и ако не се реагира ќе продолжи да расте. Во моментов дефицитот во фондот изнесува 880 милиони евра кои се покриваат по разни основи. Од Владата велат дека ако има конкретни чекори, јавноста за тоа ќе биде запозната. Инаку пензионерите во последниве две години во неколку наврати добија зголемувања во вкупен износ од над 7.000 денари што значително влијае на подобрување на нивниот стандард.

