Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Мицкоски: Макроекономската слика во земјата е стабилна – во 2024 година бевме пред банкрот, но успеавме да се консолидираме

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека макроекономската слика во земјата е стабилна и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека макроекономската слика во земјата е стабилна и оти економијата денес е многу, многу постабилна од економиите во регионот отфрлајќи ги тврдењата на опозицијата дека Македонија се движи кон банкрот.

– Да, економијата се движеше кон банкрот, директно во банкрот бевме во 2024 година, но, за среќа, успеавме некако да ја консолидираме во екстремно тешки услови, што во меѓувреме беа создадени. Така што, макроекономската слика во земјата е стабилна и сите параметри укажуваат на тоа дека макроекономијата, верувале или не, денес е многу, многу постабилна од која било економија во регионот во кој живееме – рече Мицкоски.

Во однос на движењата во надворешнотрговската размена, Мицкоски посочи дека во последните два месеци од третиот квартал растот на извозот достигнал речиси 13-14 проценти при понизок раст на увозот.

Реклама

– Што значи дека побргу расте извозот отколку увозот во услови кога нашите најголеми трговски партнери, а тоа е Европската Унија, исто така имаат одредени предизвици, кои мислам дека се историски, барем во последните децении, во структурата на светската економија најголеми. И ценам дека тоа е успех – рече премиерот.

Мицкоски оцени дека позитивниот тренд е поврзан и со владините политики, како и со субвенционираните кредити што ги користеле компаниите за инвестиции во понапредно производство.

– Политиката на Владата, заедно со оние, би рекол, субвенционирани кредити што голем дел од компаниите ги зедоа за да инвестираат во понапредно производство, резултираат со зголемена инвестициска активност, но исто и со зголемен извоз – рече Мицкоски.

Според него, вакви позитивни движења долго време не биле забележани во македонската економија.

– И се разбира дека сме среќни бидејќи многу одамна во македонската економија не се случиле вакви работи – истакна премиерот.