Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Субвенции за над 150 првачиња во општина Илинден

Општина Илинден од оваа година воведе нова мерка за финансиска поддршка на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Илинден од оваа година воведе нова мерка за финансиска поддршка на семејствата со деца кои го започнаа своето основно образование во учебната 2025/2026 година. Со мерката, што беше дел од предизборната програма на градоначалникот Александар Георгиевски, се опфатени над 150 првачиња запишани во општинските основни училишта, пишува во денешното соопштение на Општина Илинден.

– За секое прваче е обезбедена еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, со цел да се намалат дел од трошоците на семејствата на почетокот на учебната година. Покрај финансиската поддршка, на првачињата традиционално им беа доделени и ранци со училишен прибор – истакнал градоначалникот Георгиевски.

Во соопштението се додава дека Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на мерки и активности насочени кон поддршка на децата, младите и семејствата, како еден од приоритетите во своето работење, со цел континуирано унапредување на условите за еднакво, инклузивно и квалитетно образование за сите ученици на територијата на општината.

Реклама