Општина Дојран подготвува нов инфраструктурен проект за подобрување на пристапноста до плажата во село Николиќ. Од Општината информираат дека извршен е увид на терен за да се разгледа трасата за нов пат со пешачка патека до оваа плажа.
-Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи побезбеден и полесен пристап до плажата, подобрување на туристичката инфраструктура и создавање подобри услови како за локалното население, така и за сите посетителите, велат од Општината.
Плажата во селото Николиќ која важи за една од поубавите покрај Дојранското Езеро, пред повеќе години беше уредувана, но сега е во запуштена состојба.
Од Општина Дојран велат дека со изградбата на новата инфраструктура ќе се вложи во создавање поатрактивна туристичка понуда.

