Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршини, зборува за ЕУ а води селективна борба против корупцијата

Случајот со Славјанка Петровска е доказ дека Венко Филипче зборува за корупција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Случајот со Славјанка Петровска е доказ дека Венко Филипче зборува за корупција и е против единствено кога тоа му оди во прилог нему, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Венко Филипче го отвори случајот во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДСM, што е доказ за двојните стандарди на Филипче.

Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче, постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Реклама

Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија, а самиот води селективна борба против корупцијата и криминалот.

Филипче да каже од кога знаел за случајот и зошто молчел? И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот?

Како за овој случај така и за останатите, доколку има сомнеж за криминал Филипче  да достави информации до јавното обвинителство.