Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на здружението за хумана репродукција и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – ин витро, „До бебе по патот на ин витро“, во состав Деспина Петровска, претседател и членови Наташа Ѓорѓиева Божинов и Марија Михајлоска Јанкуловска, пишува во денешното соопштение од претседателскиот кабинет.

– Претседателката најпрво им честиташе на храброста на сите жени и мажи коишто одлучуваат да станат родители по пат на „ин витро“, истакнувајќи дека се силни личности. Таа го поздрави ангажманот на здружението, коешто како прво и единствено од ваков вид, се бори не само за унапредување на правата на пациентите кои поминуваат низ инвитро процесот, туку и за достоинствено мајчинство и родителство – информираа од кабинетот на претседателката.

Претставничките на здружението ја информирале претседателката за своите активности, укажажувајќи дека според податоците на Светската здравствена организација, едно од шест лица се соочува со неплодност, а соодносот меѓу мажите и жените е еднаков.

Реклама

– За нив, од исклучителна помош се измените на Законот за здравствена заштита, со којшто бројот на бесплатни ваучери за ин витро, се зголеми од три на шест обиди, а клексанот започна да се издава на лекарски рецепт – се додава во соопштението.

На средбата биле презентирани неколку барања и цели: зголемување на фондовите за поквалитетна терапија за ин витро, можност генетските испитувања и анализи да се прават во МАНУ, а пренаталните, наместо во странство, да се вршат во државата.

– Имајќи го предвид проблемот со наталитетот во државата, тие укажуваат на потребата од системска поддршка на оваа микро категорија на граѓаните, која, како што дополни претседателката, има макро ефект врз општеството – се додава во соопштението.