На VI Изборно Собрание на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Сами Морина беше избран за нов претседател на СКСЗМ, пишува во денешното соопштение.
Со одржувањето на VI Изборно Собрание, СКСЗМ по шести пат по ред, преку демократски и транспарентен изборен процес, го избра своето раководство, со што ја потврди институционалната континуираност и почитувањето на принципите врз кои функционира Комората.
Изборот на новиот претседател претставува значаен момент во континуитетот на работата и ангажманот на СКСЗМ во застапувањето на интересите на деловната заедница, поттикнувањето на економскиот развој и зајакнувањето на соработката со институциите, домашните и меѓународните партнери, како и со деловната заедница.
По овој повод, сакаме да изразиме благодарност до сите соработници, институционални партнери, организации, компании, дипломатски претставништва и медиуми за континуираната соработка и поддршка во остварувањето на мисијата и целите на СКСЗМ.
Под раководство на новиот претседател, Комората ќе продолжи да гради нови мостови на соработка и дополнително да го зајакнува дијалогот и партнерството со сите релевантни чинители, во функција на развојот на деловната заедница и економијата.

