Граѓаните на Македонија и странските државјани потрошиле вкупно речиси 1,6 милијарди евра на игри на среќа во текот на првата половина од оваа година, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи. Најголемиот дел од оваа сума е вложен во електронски апарати за игри на среќа, додека казината и обложувалниците и понатаму заземаат значителен дел од пазарот. Бројките покажуваат дека секторот за игри на среќа останува предизвик, и покрај новите мерки насочени кон ограничување на близината на објектите за игри на среќа до училиштата и другите образовни институции. Од друга страна, приредувачите на игри на среќа се противат на дислоцирањето на нивните објекти, тврдејќи дека таквата мерка нема да го намали коцкањето, туку би можела да пренасочи дел од активноста кон канали надвор од државната контрола и надзор.