Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Презентиран Извештајот на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“

Денеска, во Собранието, беше презентиран Извештајот на Светска банка „Македонија: Излез од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска, во Собранието, беше презентиран Извештајот на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“, кој се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст и надминување на т.н. стапица на среден доход, се наведува во соопштението од собраниската прес-служба.

На презентацијата присуствуваше претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и пратеници, кои имаа можност да се запознаат со клучните согледувања содржани во Извештајот.

Извештајот го презентираа Сања Маџаревиќ-Шујстер и Карол Межеванд од Светска банка, кои ги претставија неговите главни наоди, анализи и препораки за понатамошниот економски развој на земјава.

Реклама

Посочени беа клучните предизвици за натамошниот економски развој на земјата, меѓу кои ниската продуктивност и инвестиции, слабата конкуренција и владеењето на правото, како и недоволно искористениот и сè помал човечки капитал.

Претставниците на Светска банка истакнаа дека забрзувањето на економскиот раст бара спроведување реформи во повеќе области, со посебен акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.

Според презентираните процени, целосното спроведување на реформската агенда може да придонесе за повисок економски раст, создавање нови и подобро платени работни места и побрзо приближување на државата кон нивото на доход во Европската Унија.

Како клучен предуслов за остварување на овие цели беше нагласена потребата од континуирана политичка посветеност, институционален капацитет и доследно спроведување на реформите.