Навремената исплата на лозарите, поддршка на оризопроизводителите во инос од 12,8 милиони евра и исплата на субвенција за јаболко од 2 денари по килограм за реколтата 2024. Ова се главните приоритети на министерството за Земјоделие. Обезбедни се средства, но се работи и на подобри услови за користење на пари од кредитната линија од Развојната банка, со цел да им се излезе во пресрет на винарииите за да обезбедат поголем откуп на грозје. Досега македонсктие винарии прифатиле и преработиле 80 милиони кг грозје додека за извоз се дадени 13 милиони кг.
„Винариите ќе имаат можност да имаат достап до 794 милиони денари односно околу 12,8 милиони евра. Оваа финансиска поддршка ќе ја зајакне нивната ликвидност и ќе создаде услови за навремено исплонување на обврските кон лозарите и откупеното грозје“, изјави Цветан Серафимовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Но, за зголемено производство на земјоделски производи и директна помош на земјоделците да се изборат со високите цени на репроматеријалите, Министерството вети дека неделава започнува и доделувањето на картички за зелена нафта. На овој начин, земјоделците ќе може да направат заштеда, поради користење на поевтин дизел за обработка и берба на посевите.
„Во текот на оваа недела започнуваме со доделување на првите картички за зелена нафта за оваа мерка обезбедивме 584 милиони денари. Поддршката ја зголемивме за 12,3% со што директно го намаливме трошокот за гориво во периодот кога земјоделците повторно влегуваат на нивите“
Од друга страна пак директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, потврди дека овчарите на кои им угинаа 10.000 грла овци поради овчи сипаници, ќе бидат обештетени. Паралелно за заштита од болести, обезбедени се и 450000 вакцини.

