Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Општина Штип им додели признанија на најдобрите наставници

Со доделување признанија за наставниците и свечена академија денеска во Штип се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со доделување признанија за наставниците и свечена академија денеска во Штип се одбележа Денот на учителот- 5 Октомври. Општина Штип традиционално им оддава признание на наставниците заради нивното значење во општествто. Градоначалникот Иван Јорданов упати посебна благодарност до наставниците за нивниот придонес во образованието. 

-Благодариме за вашиот труд и трпение и што го пренесувате вашето знаење на младите. Пред се, благодариме за тоа што секојдневно вложувате дел од себе во создавањето на идните генерации. Нема посветла иднина без добро образование, нема добро образование без просветните работници. Вашата работа не завршува со наставната програма, со учебникот и училишниот час. Вие не создавате само ученици. Вие ги создавате идните генерации. Тие се генерациите коишто ќе носат одлуки, ќе преземаат одговорност, ќе ја градат нашата држава, нашата општината и ќе придонесуваат за развојот на нашето општество. Токму затоа вашиот придонес е непроценлив, рече Јорданов. 

Тој на свечената акдемија потенцираше и дека во изминатите две години Општината вовела систем за наградување и стипенирање на учениците во градот, кои благодарение на наставниците постигнале извонредни резултати. 

Реклама

-Затоа сум особено горд што Општина Штип првпат воведе систем за наградување и стипендирање на нашите ученици, кои со ваше менторство и поддршка постигнаа извонредни резултати. Тие ученици не се само наши најуспешни претставници, тие се нашите амбасадори. Зад секое признание, успех стои многу повеќе од талентот на еден ученик, додаде Јорданов.

Свечената академија се одржа во Општина Штип, каде што беа присутни претставници на МОН и на секторот за образование од Општината, професори, учители и директори на училишта.