Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Градоначалникот на Скопје додели признанија на професори: Вредноста на оваа професија живее во генерациите што излегуваат од училишните клупи

По повод Меѓународниот ден на учителот – 5 Октомври, градоначалникот на Скопје,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Меѓународниот ден на учителот – 5 Октомври, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска им додели признанија на професори што во изминатата година се истакнале со својата работа, посветеност и вложување во професионалниот развој.  

Како што соопшти Град Скопје, градоначалникот истакна дека вредноста на наставничката професија живее во генерациите што излегуваат од училишните клупи и во сето добро што тие го создаваат. 

– Секој од нас памети барем еден свој учител. Некој што го препознал нашиот талент, што имал трпение за нашите грешки и верувал во нас тогаш кога самите сме се сомневале. Некој чие „ти можеш“ ни дало храброст да направиме важен чекор во животот. Да се биде учител, значи да се остави трага во нечие растење, во нечии соништа и во нечии успеси. Тоа е професија чија вредност живее во генерациите што излегуваат од училишните клупи и во сето добро што тие го создаваат. Зад нивните признанија стојат часови подготовка, постојано усовршување и искрена желба секој ученик да добие поквалитетно образование и можност да го покаже најдоброто од себе. На сите наградени им честитам од срце. Вашето знаење станува можност за младите, вашата посветеност е нивна инспирација, а вашиот личен пример ги учи што значи да се работи чесно, одговорно и со љубов – истакна Ѓорѓиевски.

Реклама

Градоначалникот посочи и дека Град Скопје продолжува со поддршката за работата на професорите со конкретни дела, како и со вложувањето во образованието и во подобри услови за настава, затоа што, рече, „сакаме училишта во кои учениците ќе доаѓаат со желба да учат, а наставниците ќе ја имаат поддршката што ја заслужуваат“.

– Во вашите училници расте иднината на Македонија. А во секој успех на вашите ученици засекогаш останува и дел од вас. Нека ви е честит денот – истакна  Ѓорѓиевски заблагодарувајќи им се на учителите, наставниците, професорите и на стручните соработници „за секое пренесено знаење, за секој охрабрен ученик и за секоја вредност што ја всадуваат во младите“.