Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Ангеловски: Инспекторатот за земјоделство извршил 873 вонредни контроли кај откупувачи, изречени 30 мерки и 17 платни налози

Државниот инспекторат за земјоделство од почетокот на годината до 15 септември извршил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот инспекторат за земјоделство од почетокот на годината до 15 септември извршил вкупно 873 вонредни инспекциски надзори кај регистрирани правни лица што вршат откуп на земјоделски производи, а поради утврдени неправилности, биле изречени 30 инспекциски мерки и издадени 17 платни налози – соопшти денеска директорот Ивица Ангеловски.

На заедничката прес-конференција со министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, Ангеловски рече дека надзорите биле спроведени во согласност со Законот за земјоделството и руралниот развој врз основа на месечни планови и работни налози на Инспекторатот, а за констатираните неправилности инспекторите изрекле 30 инспекциски мерки во форма на забрани, опомени, наредби и задолженија, а биле издадени и 17 платни налози.

– Во текот на 2026 година државните инспектори за земјоделство за утврдените неправилности имаат изречено вкупно 30 инспекциски мерки за кои се издадени решенија во форма на забрани, опомени, наредби и задолженија. Дополнително, за утврдени неправилности при откупот, државните инспектори за земјоделство имаат издадено 17 платни налози, од кои три се платени, а за другите, кои не се платени, се водат прекршочни постапки пред прекршочната комисија во Министерството – рече Ангеловски.

Реклама

Како најчесто утврдени неправилности при инспекциските надзори ги наведе вршење откуп без склучени договори со производителите, неисплатени обврски за откупените земјоделски производи, непочитување на роковите за исплата, неистакнување ценовници за откуп, непоседување верификувани мерни инструменти и вршење откуп без упис во Регистарот на откупувачите.

Ангеловски посочи дека Инспекторатот активно учествува и во процедурите за извоз на земјоделски производи преку сертификација и издавање фитосанитарни сертификати.

– Инспекторатот е активно вклучен во процесот на одобрување на извозот на земјоделски производи преку вршење сертификација и издавање фитосанитарни сертификати за извоз и реекспорт, меѓународен документ кој потврдува и гарантира здравствена исправност и отсуство на карантински штетни организми кај производот што е предмет на извоз – рече директорот на ДЗИЗ.

Тој најави дека контролите ќе продолжат и во наредниот период со цел заштита на правата и интересите на земјоделските производители, а за сите утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни инспекциски мерки во согласност со законските прописи.