Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Опожарени столбови за пренос на електрична енергија предизвикаа застој во водоснабдувањето на Босилово и прекин во снабдувањето со струја

Еднаш запален столб  за пренос на електрична енергија и откако бил изгаснат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еднаш запален столб  за пренос на електрична енергија и откако бил изгаснат повторно бил запален кај селото Секирник предизвика селата Иловица и Штука да останат без струја, а Босилово и други населени места без вода за пиење од филтер станицата во Иловица, информираше градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев.

-Пожарот завчера беше локализиран. Вчера повторно се појави пожар на истото место со што комплетно беа зафатени други електрични столбови и вегетација. Од тие причини, населените места Иловица и Штука синоќа и денеска се без електрична енергија, бидејќи мрежата од страна на ЕВН не е оспособена поради комплетно оштетување на неколку електрични столбови- изјави Манчев.

Додаде дека од вчера од 12.00 часот не работи Филтер станицата за вода во Иловица поради овој проблем.

Реклама

-Залихите на вода се потрошени и вчера од 18.00 часот нема вода во системот Иловица. Се очекува денеска до 13:30 часот  да се постават нови столбови од страна на ЕВН, па дополнително да се произведе вода и да се наполни системот, што значи дека вода во водоснабдителниот систем Иловица најверојатно ќе има дури вечер, објаснува Манчев. 

Напомена дека за кратко време се појавуваат неколку пожари во тој дел на Секирник и дека случајот се истражува од надлежните органи за да се утврдат причините за пожарот.