Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Недостигаат наставници по предметите од кои зависи иднината на науката. Се помалку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Недостигаат наставници по предметите од кои зависи иднината на науката. Се помалку се оние што сакаат да застанат пред табла и да бидат наставници по математика, физика, хемија и биологија. Надлежните сметаат дека една од причините е тоа што станува збор за тешки факултети, а професијата е се помалку ценета.

„Многу пати сум кажала – какво е општеството такво е образованието, во еден период во изминатите години се изгуби значењето и достоинството на наставникот поради склоп на различни причини, во изминативе години правиме напори за да го вратиме значењето на наставникот кој е од исклучителна важност, треба да се вреднува оваа професија.“- вели министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Токму во оваа насока по повод Светски ден на наставниците се доделуваат признанија и награди за нивниот придонес во образованието. Од таму надлежните испратија порака – вложувањето во младите и во просветните работници е вложување во иднината на една држава.

Реклама

„Вложувањето во образованието е најголема инвестиција во една држава поради тоа што иднината е во оние кои ќе завршат – младите. Она што е добро треба да се продолжи, недостатоците треба да се надминат, не може да гледаме дали е нешто добро или лошо, убаво е да се анализира и да се надминуваат недостатоците.“- вели Жаклина Ристовска од Сојузот на просветни работници.

Инаку 13 просветни работници добија награди, а веќе 33 години МОН заедно со Сојузот на просветни работници традиционално го одбележуваат овој ден и упатуваат честитки до сите наставници.

Инаку образованието останува еден од главните приоритети на Владата. Се градат училишта, се реновираат студентски домови, студентите добиваат надомест за топол оброк околу 3600 денари месечно, а наставниците добија покачување на нивните месечни примања за 20%. Министерката најави нов пораст на нивните плати во март идната година.