Реклама

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Tоп

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, во купчето од 50-тина арктефакти, Софија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, во купчето од 50-тина арктефакти, Софија и спакувала на Атина и реликвија, која што не само што не е бугарска или грчка, туку е веројтано одземена или украдена од црква во Охрид. Станува збор за сребрена кутија со моштите на „Света Матрона“ која била изработена во далечната 1798 година, а се чувала во црквата „Богородица Перивлепта” во Охрид.

Таму биле се до 1916 година, кога бугарската војска заедно со други црковните старини, ги собрала, спакувала и ги однела на „привремено чување” во Софија. Во самиот документ тие се означени како „црковни старини, сопственост на градот Охрид”. Списокот содржи 84 предмети, а под број 10 стои токму „Една голема сребрена кутија со моштите на Света Матрона”.

 На него се потпишани, тогашните Охридски окружен началник, Охридски митрополит, Околискиот началник, Секретар на окружното началство и еден граѓанин. Охридскиот Завод и музеј исто така наведува дека во „Богородица Перивлепта” со векови постоела ризницата на Охридската архиепископија и дека во 1916 година бугарската војска од неа однела во Софија повеќе драгоцености.

Реклама

Доколку тврдењата за потеклото на сребрената кутија бидат потврдени со релевантна документација и стручна проверка, тоа ќе биде еден нов скандал, затоа што ќе се докаже дека Бугарија и дала на Грција реликвија која е од Охридската архиепископија, од светиот за нас Охрид. Тоа може да отвори и прашање дали реликвијата треба да биде вратена во Охрид.

За случајот е информиран и премиерот Христијан Мицкоски, кој повторно постети дека јавноста треба да се врати на договорот од Блед, кој треба да ја освежи регионалната меморија кога станува збор за историско и културно наследство на Македонија.

  • „Не знам кои се тие различни ставови за Царот Самоил, она што за мене е важно е дека како резултат на еден договор од минатото, тоа е Бледскиот договор, остатоците од еден голем македонски великан Гоце Делчев се наоѓаат во цркавата Свети Спас во Скопје. И некако забораваме на тој договор, ние како да имаме селективна меморија. Ова делува како доручек, да се послужиме она што сакаме, она што не сакаме го оставаме на страна. Така да и тие договори треба да ја освежат меморијата регионална, така да тоа е она за што јас можам да кажам. Она што го читам од медиумите, гледам антикветите и реликвии кои што потекнуваат од минатото од еден преубав храм а тоа е црквата „Богородица Перивлепта“ во Охрид кои што постои меморија кај некои луѓе дека во Втората Светска војна се одземени и однесени во главниот град на нашиот источен сосед, така што јас не би навлегувал во дополнителни коментари и би се задржал на она што досега го кажав…“ изјави Мицкоски.

Како што познато, изминатиов викенд Буагарките власти одржа голема цермонија да го одбележат таканаречебното враќањето на посмтните останки на Цар Самоил во Софија, чин кој е повеќе од контроверзен поради самиот факт дека за коските кои се пренесоа од Грција и тоа дури со воен авион, нема никаков научен доказ дека вистински му припаѓале на големиот македонски Цар.