Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ вечер продолжува со концерт на Дуо Бертолини од Италија кои ќе настапат во свечената концертна сала на битолскиот Офицерски дом.
На јубилејното 35-то издание на „Интерфест“, Рафаеле Бертолини, бас кларинет и Никола Бертолини кларинет, ќе изведат дела од Бах, Моцарт, Мориконе, Мангани, Пиацола и Гершвин.
Организаторите најавија двојна програма, односно по завршувањето на концертот на Дуо Бертолини, во битолскиот Офицерски дом ќе се одржи традционалниот „Подиум за млади“ на кој ќе настапат талентирани ученици од Државното музичко училиште од Битола.

