Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Започна жетвата на оризот, рачно, со срп и со вршидба на гумно

На традиционален начин, со рачно зажнејување на оризот со срп и  вршидба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На традиционален начин, со рачно зажнејување на оризот со срп и  вршидба на гумно, денеска на површини во селото Горни Подлог започна годинашната жетва на оризот.  Настанот е дел од  35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Сето ова се одвиваше во присуство на значителен број на гости,  делегации од земјава и странство. Беше даден и благослов за плодна жетва.  Првиот сноп ориз го зажнеајаа членовите на Здружението на пензионерите од Кочани.

На настанот, освен градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, како и други гости.

Реклама

После демонстрирањето на овој вековно стар обичај, во црквата „Св. Јован Крстител“ во Горни Подлог следуваше традиционалниот обичај на вршидба на оризот на гумно. 

Во културно-уметничкиот дел од програма, настапија фолклорни  ансамбли и друштва од Македонија и од земји од опкружувањето.

Оваа година на огласот за избор на најуспешен земјоделец немаше пријавено кандидати. Поради тоа, комисијата одлучи паричната награда да му биде доделена на Црковниот одбор при црквата „Св. Јован Крстител“ во Горни Подлог, а  средствата ќе бидат наменети за обнова и одржување на црквата.

Присутните имаа можност да ги разгледаат изложените ракотворби крактеристични за Кочани и кочанско,  и да ги вкусат традиционалните јадења со ориз подготвени од домаќинките од селото Горни Подлог.