СДСM продолжува со лаги и манипулации сега за ЕУ и посетата на Урсула фон дер Лајен. СДСM на Венко Филипче и неговиот учител и партиски другар Зоран Заев се предавниците и потписни на распродажбата на се македонско, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСM на Филипче и Заев се квислинзите. Сега власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува подобра позиција за Македонија и нејзиниот пат кон ЕУ. Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се труди Македонија да оди кон ЕУ достоинствено, а не да распродава се што може да се продаде.

