Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија, со цел изнаоѓање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија, со цел изнаоѓање на решение и деблокада на европскиот пат на Македонија. Ваквиот свoевиден пресврт во процесот кој доби потврда и од претседателката на европската комисија Урсула Фон дер Лајен за упатените е значаен исчекор кој дава надеж за позитивен епилог. Извршниот директор на Евротинк, Димитар Николовски во изјава за Алфа вели дека брзата средба која веќе е иницирана од македонска страна е неопходна за поместување во процесот за кој очигледно дека има поддршка и од Брисел. Според Николовски, можеби и задоцнето, но сепак многу важно за македонската Влада која преку активната дипломатија и бројните средби инсистира на директен дијалог на маса.

-Јас претпоставувам дека веќе постојат некои притисоци кон Бугарија за тоа. Секако за тоа не слушаме ние, меѓутоа мислам дека ова ја зајакнува на некој начин позицијата, т.е. целото опкружување околу разговорите помеѓу нашите две држави. Така да мислам дека ќе се интензивира ангажираноста на Европската Унија, која беше доста на страна тргната во изминатиот период, барем што се однесува македонско- бугарските односи, изјави Николовски.

Фон Дер Лајен од Скопје упати и пофалби кон Македонија, велејќи дека сме завршиле импресивна работа во делот на реформската агенда и планот за раст, за што доказ се и 140-те милиони евра кои земјава ги доби од Брисел. Според Николовски ваквите пораки биле очекувани. Сепак според него важен е и моментот дека мора да се бара начин како да се продлабочи соработката со Унијата преку други модалитети, бидејќи реформската агенда финишира следната година.

Реклама

-Таа дојде протоколарно да ги повтори тие пораки кои ги има кажувано и претходно, меѓутоа сега со еден нов момент, а тоа е дека другите држави напредуваат, особено дека добиваат патокази за напредокот кон Европската Унија, ние ете не сме на тој пат. Особено е важно дека реформската агенда завршува следната година и после тоа не знаеме во каков модалитет ќе продолжиме да соработуваме со Европската Унија, изјави Николовски за Алфа.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија веќе побарало средба меѓу шефот на димломатија Тимчо Муцунски и министерката за надворешни работи на Бугарија Велислава Петрова. Се очекува оваа иницијатива да биде прифатена, а средбата би се организирала веќе во четврток во Софија, на маргините на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8. Премиерот Мицкоски нагласи дека во услови кога државата е притиснатѕа да бара излез од она што како наследство го остави власта на СДСМ и ДУИ, значајно е што работите се менуваат и се дошло до разговори. Мицкоски нагласи дека овој процес нема да биде лесен, но како што кажа нема предавање и ќе треба време за да се исправат направените грешки од претходната власт.  

Матеја Петровски