Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Саем на домашни производи во Кавадарци

Саем на домашни производи се реализира денеска во центарот на Кавадарци. Настанот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Саем на домашни производи се реализира денеска во центарот на Кавадарци. Настанот „Тиквешија плодна лоза благородна“ е во организација на здружението „Винотек“, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Присутните имаат можност да дегустираат и да купат домашни производи од земјоделско производство од поднебјето на Тиквешкиот регион.

Претседателот на „Винотек“, здружение што се занимава со промоција на домашни производи и развој на туризам, Јован Еленов изјави дека целта е да се промовираат домашните производи.

Реклама

– За првпат организираме ваков настан во нашиот град и досега посетителите велат дека е потребно почесто да се случува ова. Нудиме висококвалитетни производи. Мислам дека тоа ќе влезе во традиција на градот и дека ќе привлече луѓе од самиот град, но и посетители од страна – рече Еленов во изјава за МИА.

Тој додаде дека овој период раздвиженоста во градот е голема, во недела луѓето се слободни, па имаат можност и да дојдат, да видат и да купат домашни производи.