Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Македонија

Петрушевски: Филипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евра во МО за времето на Петровска

Венко Филипче пред некој ден прозборе за криминал во редовите на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче пред некој ден прозборе за криминал во редовите на СДСМ вреден 37 милиони евра и го снема. Филипче како личност која сака во Европската унија по секоја цена, сака европско обвинителство треба да им помогне на надлежните институции за почеток на јавното обвинителство и да им ги даде сите расположливи информации, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку  Венко Филипче не го стори тоа, и ова јавно изразување на сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра кој го поврзува со поранешната министерска Славјанка Петровска, а сега актуелна пратеничка и дел од платформата 12.05, ќе го разбереме како уште една лага во низата лаги кои ги кажува во јавноста.

И во оваа прилика го прашуваме Филипче од кога имал информации за овој скандал во Министерството за одбрана, а во кој е вклучена Петровска, зошто сега излегува со информации во јавноста и дали има намера да ги достави информациите до јавното обвинителство или и ова ќе остане на ниво на замајување на јавноста.

Реклама

Филипче треба да излезе во јавност и да каже доколку знае и други вакви и слични случаи во редовите на СДСМ, бидејќи само така може да се оди кон ЕУ, а не со лажење и манипулирање на јавноста. Филипче е на потег да се вклучи и реално во борбата со корупција како клучен услов за членство во ЕУ.