Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Македонија

Нови градинки, спортски сали и мега-парк во Карпош за поквалитетен живот на граѓаните

Во изминатиот период во Карпош фокусот е на она што им е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во изминатиот период во Карпош фокусот е на она што им е најважно на граѓаните на чистотата, инфраструктурата и подобри услови за живот. Општина Карпош продолжува со реализација на конкретни проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните – се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Во изминатиот период беа преземени низа активности за уредување на општината. На критични локации беа расчистени над 3.500 кубни метри наталожен материјал, а со отстранување на хаварисани возила беа ослободени повеќе од 150 паркинг места.

Во делот на инфраструктурата, завршена е реконструкцијата на улиците „Џумајска“ и „Трифун Бузев“, реконструиран е дел од „Бранислав Нушиќ“, а започна и реконструкцијата на „Јуриј Гагарин“ во Козле.

Реклама

Во периодот што следува, Општина Карпош го продолжува инвестицискиот циклус со изградба на детската градинка „Пролет 2“, нови и унапредени спортски сали, како и реализација на мега-парк и нови зелени површини.

Целосно беа обновени игралишта на повеќе локации кај фонтаната во Карпош 3,плоштад ПБК – спроти студентски дом „Гоце Делчев“, ул. Никола Парапунов спроти „Специјал” Карпош 4, во дворот на ООУ „Ј. А. Коменски„, ул. Љубљанска до Адреналинскиот парк, ул. Јуриј Гагарин 23, ул. Јуриј Гагарин (помеѓу 25 и 35), плоштад Млечен, во населба Жданец (кај спортските терени), ул. Козле 8, Нерези.

Фокусот останува на повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, повеќе зеленило и поквалитетни услови за живот.

Карпош продолжува да се развива со конкретни проекти и видливи резултати.