Панел дискусија за институционалниот отчет на избраните и именувани функционери на Движењето ЗНАМ со наслов: „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“ денеска ќе се одржи во Културниот дом во Гостивар.
На панел дискусијата ќе се обратат претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски, пратеникот Павле Арсоски, претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор Филков, и заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ-Варџиски.
Пред почетокот на настанот предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на ЗНАМ Димитриевски.

