Реклама

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Економија

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата, од почетокот на својот мандат,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата, од почетокот на својот мандат, обезбедила околу половина милијарда евра за проекти на локалната самоуправа и општините, оценувајќи дека станува збор за сериозна поддршка и политика на Владата од самиот почеток.

Мицкоски, кој денеска изврши увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“, посочи дека Владата, општините и локалната самоуправа ги поддржува како ниту една влада претходно.

-Од почетокот кога беше оваа влада избрана, пред околу 27 месеци, со околу половина милијарда евра финансираме проекти директно од централниот буџет. И ако земете наназад, можеби во 35 години независност толку многу проекти од централната Влада за локалната самоуправа и општините не биле финансирани досега – нагласи Мицкоски.

Реклама

Тој оцени дека тоа претставува сериозна поддршка за општините и политика на Владата која ќе продолжи и во периодот што следи.

Мицкоски информира дека голем дел од општините веќе подготвуваат проекти за следниот циклус што би го финансирала Владата. Тој оцени дека на тој начин се подобруваат условите и начинот на живот на граѓаните.

-Голем дел од општините подготвуваат проекти за следниот циклус којшто би го финансирала Владата и ценам дека на тој начин ги подобруваме условите за живот на граѓаните, им го подобруваме начинот на живот – рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека проблемите во општините се таложеле со години, а предизвиците се присутни со децении, но оти нивното надминување и решавање зависи од расположливите ресурси и приоритети.

Мицкоски ја посочи стратегијата на Владата, според која целта е да не се создаваат нови проблеми, туку да се решаваат старите и да се завршуваат започнатите проекти.

Во тој контекст, Мицкоски се осврна и на капиталните проекти во Скопје кои, како што рече, треба да бидат завршени до Нова година.

-Би сакал да им честитам на градоначалниците коишто се тука со мене, да се заблагодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на советниците, на пратениците коишто се борат за проект повеќе во општините од каде што доаѓаат – рече Мицкоски и додаде дека во периодот што следи ќе има уште повеќе проекти што ќе бидат финансирани од централниот буџет.