Реклама

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Прилози

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Осумдесет години ловство значат и осум децении грижа за ловиштата и дивечот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осумдесет години ловство значат и осум децении грижа за ловиштата и дивечот. Ловството не претставува само отстрел, туку и одговорност и грижа за зачувување на природното богатство, порача првиот човек на Ловечката федерација, Влатко Алексовски. Тој посочи дека Федерацијата се залага за подобри услови за ловците и поедноставување на процедурите.

„Ловечката организација, која ги обединува ловците и корисниците на дивечот во ловиштата, се грижи за подобри услови за стопанисување, поквалитетни законски решенија во делот на Законот за дивеч и ловство, како и во делот на Законот за оружје, што е многу битно за ловците. Оружјето да биде подостапно, попристапно и на полесен начин, бидејќи во изминатите децении имавме проблеми во овој дел. Но, со голем труд и голема посветеност се донесе нов Закон за оружје и сметам дека конечно проблемите со кои подолго време се соочувавме веќе нема да се повторуваат“, изјави претседателот на Ловечката федерација, Влатко Алексовски.

Еден од најголемите проблеми со кои ловците подолго време се соочувале била постапката за одобрение за набавка на оружје. Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во изминатиот период биле утврдени илјадници случаи во кои граѓаните ги исполнувале условите, а не можеле да добијат дозвола.

Реклама

„Ќе бидам искрен, ловците одамна не беа задоволни од државата и особено од страна на Министерството кое што јас го раководам. И имаа право за тоа. Колку пати некој од вас чекал со години за едно одобрение? Колку пати сте слушнале дека некој чесен ловец со 20 години стаж му е одбиено барањето кое го поднел до Министерството? Кога дојдовме во Министерството, утврдивме дека над 5.000 граѓани ги исполнувале условите, а дозвола не добиле“, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Покрај традицијата и грижата за дивечот, важен дел од ловството е и одржувањето на самите ловишта. Од Министерството за земјоделство велат дека се работи на воспоставување јасни услови за нивно управување.

„Насочени кон развојот на ловството, во изминатиот период активно работиме на надминување на долгогодишниот проблем со недефинираното управување со дел од ловиштата. Од вкупно 268 ловишта во Македонија, во постапка за доделување на користење остануваат уште 21. Со завршување на овие постапки ќе се заокружи системот и за секое ловиште ќе се знае кој го користи и кој е одговорен за неговото одржување“, изјави министерот за земјоделство, Борче Серафимовски.

Во моментот, Ловечката федерација обединува околу 25.000 ловци, а во државата вкупно има 268 ловишта.