Реклама

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Прилози

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Инфлацијата е под контрола. Цените се стабилни, стандардот се заштитува. Според последните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инфлацијата е под контрола. Цените се стабилни, стандардот се заштитува. Според последните податоци, инфлацијата во државата е речиси двојно пониска од таа во Европската Унија која порасна безмалку на 4%. Напорите на Владата да се заштити стандардот на граѓаните со намалување на акцизите на горивата и намалувањето на ДДВ то засега ги даваат очекуваните резултати. Владата останува и понатаму на ставот дека Македонија треба да има најниски цени, пред се на дизел горивото, бидејќи нафатата, заедно со струјата имаат големо влијание во цената на производот.

„Можам да кажам дека очекувам според анализата на берзите да имаме поефтинување на дизелот и бензинот следната недела, преговараме со ОКТА за дополнитлеен попуст со што ќе бидеме убедливо со најнсика цена во регионот, а можеби и во Европа. И тоа генерлано овозможува социјален мир и инфлација помниска за 50 проценти од ЕУ“, изјави Премиерот Христијан Мицкоски.

Во моментов Македонија има доволно количини на дизел гориво, но борбата за заштита на стандардот на граѓаните нанесе удар на планираните државни приходи од акцизата на горивата и приносот од ДДВ. Според последните информации, само по основ на намалената акциза во буџетот има недостаток од околу 5 милијарди денари, а на тоа ако се додаде и намалениот прилив од ДДВ то за дизелот, тогаш има минус помеѓу 7до 8 милијарди денари која не може да се покрие со распределба. Затоа Премиерот очекува уште еден ребаланс на буџетот до крајот на месецот, во кој ќе се предвиди кратење на непропдуктивни трошоци, а приоритет останува заштита на стандардот на граѓаните.

Реклама

„Ќе намалуваме и расходи, и ќе намалуваме и приходи и дури може да го намалиме и буџетскиот дефицит од тој кој беше предвиден претходно“, додаде Мицкоски.

Статистика пак излезе со податок дека владините политки засега даваат резултати. Според последната анализа за само пет години куповната моќ на граѓаните пораснала за 19 проценти. Односно во периодот од август 2021 до август 2026, плата пораснала за 71%, додека пак цените се покачиле за 46%. Според овие резултати, стандардот на граѓаните пораснал номинално за речиси 20 проценти во последните години и се наоѓа на просекот на раст во најразвиените економии во Европа.