Реклама

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Македонија

Мисајловски: Треба да ги знаеме и да ги славиме хероите што го дале животот за Македонија

Да пренесеме порака до младите дека овие луѓе треба да се слават…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да пренесеме порака до младите дека овие луѓе треба да се слават и секоја генерација треба да знае за хероите што го дале животот за Македонија. Тоа се хероите на државата – истакна денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски на отворањето на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители од 2001–2015 година. 

Мисајловски, пред членовите на семејствата на загинатите и фудбалските екипи, порача дека не ни сакал ваквите немили настани да се повторат и дека Министерството за одбрана, МВР и Бирото за јавна безбедност прават се овие херои да не се заборават. 

– Сме имале немили настани, да не се повторат, но затоа со вакви спортски игри, меѓународни активности што ги имаме и во Министерство сакаме да покажеме и да допринесеме дека со различни спортски дисциплини и со фер плеј и со една заедничка стратегија сите генерации да се сплотат во оваа енергија и во оваа прилика да покажеме кон целиот македонски народ, кон сите дека овие херои не се заборавени – рече Мисајловски.

Реклама

Министерот нагласи дека секој еден војник што ја носи оваа униформа многу значи за државата.

– Јас сакам во мое лично име да се заблагодарам на сите оние што ја носат униформата, секој еден ден што се на која било локација, на кој било настан, вежба и акција и тоа го прават заради Македонија. Го почитувам тоа што го правите и верувајте дека Министерството за одбрана, БЈБ и МВР секогаш ќе бидат тука – рече Мисајловски.    

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев истакна дека овој турнир се одржува со цел никогаш да не ги заборавиме бранителите, кои ги дале своите животи за нашата татковина. Сподели дека во 2001 година и тој загубил другар и колеги со кои делел училишни клупи.

– Нашата обврска, еве и јас од мое лично име како прв човек на БЈБ, имам лична мотивација уште повеќе и уште подлабоко да го негуваме споменот на нив, за животите што ги положија. Знам дека посебно е најтешко за семејствата, знам дека ниту еден збор, ниту една традиција, симболичен момент, не може да ја ублажи вашата болка, меѓутоа исто така знам дека ние даваме се од себе како институции кои загубиле свои припадници, луѓе кои ги положиле своите животи, сме правеле и ќе правиме и во иднина се повеќе за вас за да може таа болка да биде што е можно помала и да знаете дека не сте сами – рече Јанев пред членовите на семејствата на загинатите бранители.  

Покровител на турнирот е Министерството за внатрешни работи, а се организира во соработка со МО, БЈБ и здруженијата на загинатите бранители.