На деветтото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ за 2026 година беа наградени Даниела Андоновска-Трајковска, Емељ Туна, Милош Соколиќ, Дарија Јовановска, Марија Велинова и Ерол Туфан која се одржа вп Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.
Манифестацијата беше посветена и на неколку значајни јубилеи поврзани со делото на Анте Поповски – 95 години од неговото раѓање, 30 години од објавувањето на книгата есеи „Окото, светлините“ и 25 години од излегувањето на „Света песна“.
На отворањето се обрати Александра Јуруковска, која се осврна на активностите што Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – Антево перо ги реализирало во текот на јубилејната година.
Во рамки на програмата беше претставена и поезијата на Лидија Размоска Тримовска и Белинда Сипкоска Гаштарова, кои влегоа во потесниот избор на конкурсот.
На присутните им се обрати и претседателот на Здружението, Кирил Симеоновски, кој ја истакна важноста на манифестацијата во афирмацијата на современото поетско творештво и зачувувањето на книжевното наследство на Анте Поповски.
Од Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски – Антево перо изразија благодарност до учесниците, гостите и поддржувачите на манифестацијата за придонесот во нејзината реализација.

