Реклама

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Македонија

Во Скопје интернационален гастрономски фестивал „Интерфестфуд 2026“

Во Скопје денеска ќе започне дводневната манифестација Интернационален гастрономски фестивал „Интерфестфуд 2026“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје денеска ќе започне дводневната манифестација Интернационален гастрономски фестивал „Интерфестфуд 2026“, посветен на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста.

Фестивалската програма ќе се одвива во периодот од 10:00 до 18:00 часот, а покровители, домаќини, организатори и реализатори на проектот се Веро Центар и ХОА – Ангелчиња.

Првиот фестивалски ден, 3 октомври, ќе понуди повеќе гастрономски натпревари и ревијални содржини, меѓу кои подготовка на национално јадење во котле, декорација на десерт „Black Box“, подготовка на месо на скара, подготовка на баници и пити на самото место, презентација на национални кујни, како и ревијална изложба на ситни колачи и слатки пити. Посетителите ќе можат да го посетат и Гастро пазарот, а програмата ќе биде дополнета со музички и културни содржини – соопштуваат организаторите.

Реклама

Фестивалот има и хуманитарен карактер. Производите од ревијалниот изложбен дел, како и подготвените пити и баници, ќе бидат донирани на хуманитарната организација „Св. Спас“, со што гастрономијата и дружењето ќе добијат и дополнителна општествена вредност.

На 4 октомври програмата продолжува со Гастро пазар, натпревар во декорација на мали торти меѓу ученици од основни училишта, натпревар во брзо јадење десерти, како и концерт на ученици од Музичкото училиште „Андријана Јаневска“.

„Интефестфуд 2026“ има цел да овозможи размена на искуства меѓу учесниците, да го поттикне натпреварувачкиот дух и соработката во гастрономскиот сектор, но и да создаде простор за дружење на посетителите со домашните и меѓународните учесници и реномирани шефови и судии. Фестивалот е наменет за професионалци од угостителството и слаткарството, ученици, излагачи од гастрономскиот и туристичкиот сектор, како и за пошироката јавност.

Веро Центар и Хуманитарната организација „Ангелчиња” ги покануваат граѓаните на 3 и 4 октомври да бидат дел од „Интерфестфуд 2026“ и во два фестивалски дена да уживаат во традиционални вкусови, кулинарски натпревари, гастро презентации, музика и хуманитарни активности.