Реклама

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Македонија

Промоција на книгата „Атентат“, долгодишно истражување за атентатот на Глигоров на д-р Зоран Доревски

По повеќе од три децении, книгата „Скопскиот атентат’’ повторно го отвора прашањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повеќе од три децении, книгата „Скопскиот атентат’’ повторно го отвора прашањето за еден од најсложените безбедносни случаи во независна Македонија – атентатот врз првиот претседател на државата, Киро Глигоров, се вели во најавата за денешната промоција на најновата обемна книга на д-р Зоран Доревски. 

Кој бил мотивот? Кој го организирал атентатот? Кои биле извршителите? Што открива техниката на нападот? Зошто истрагата потфрли и зошто клучните прашања останаа без одговор повеќе од 30 години? Тоа се прашања и одговори што ги исцртуваат страниците на книгата.

Авторот, врз основа на бројни документи, индиции и сведоштва, нуди аналитичка реконструкција на настанот и ново согледување на случајот се вели во најавата.

Реклама

Без да ја презема улогата на обвинител или судија, тој ги става фактите пред читателот, ја реконструира можната слика на настанот и му дава можност и самиот да носи заклучок.

Студијата „Скопскиот атентат“ од д–р Зоран Доревски претставува квалитетно изведена монографска анализа на политичкото насилство извршено врз претседателот Киро Глигоров во 1995 година. Таа се заснова врз систематизирани сознанија, податоци и факти што овозможуваат убедлива реконструкција на околностите, актерите и последиците од еден од најзначајните безбедносни настани во современата македонска историја.

Книгата претставува заокружена криминалистичка анализа на сложениот феномен атентат, при што се идентификуваат политичките, безбедносните, регионалните и геостратегиските фактори што директно или индиректно влијаат врз неговото планирање, извршување и расветлување. 

Рецензентот д-р Цане Т. Мојаноски, вели:

… „Смислата на ваквите академски анализи не е да ја заменат судската вистина ниту институционалната одговорност, туку да создадат поширока аналитичка рамка во која расфрланите факти, сведоштва и настани ќе бидат доведени во логична врска и ќе овозможат подлабоко разбирање на сложените историски процеси.“

Рецензентот м-р Бранислав Јанковиќ, пишува: 

„Зоран Доревски, во најдоброто светло на писателите на трилери, се обидува — и во тоа успева — од обидот за убиство на македонскиот претседател Киро Глигоров во 1995 година во Скопје да создаде своевиден документ за тој настан, детално анализирајќи сè: од геополитиката и тајните служби, па сè до последниот форензички детаљ, додавајќи му на сето тоа добра доза детективски наратив“…

А, академик проф. д-р Неџад Корајлиќ, истакнува:

„Посебната вредност на ова дело е во тоа што атентатот не се разгледува само како поединечно кривично дело, туку како сложен политичко-безбедносен феномен во кој се испреплетуваат криминалистички, геополитички, разузнавачки и општествени фактори. Ваквиот интердисциплинарен пристап на авторот претставува редок пример во современата литература во Југоисточна Европа.“