Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Доделени главните награди на осмото издание на „ЅИРНИ“ фестивал на филм и музика

Доделени наградите за победниците за осмото издание на „ЅИРНИ“ фестивал на филм…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доделени наградите за победниците за осмото издание на „ЅИРНИ“ фестивал на филм и музика во четири категории, интернационална и национална официјална селекција и интернационална и национална студентска селекција, како и специјалните признанија и наградата изгласана од публиката.

Жирито на студентската селекција составена од актерката Тамара Ристоска, снимателот и ко-селекторот на кратката програма на ИФФК „Браќа Манаки“ Атанас Велковски и режисерот Игор Христов, специјалното признание беше доделена на „Се уште трчаме“ (Still Running) во режија на Матија Штифаниќ. За храбриот документарен поглед кон една генерација во движење. За младите луѓе кои километар по километар го претворија својот пат во порака, а сопствената издржливост во сведоштво. Филм кој нè потсетува дека понекогаш, кога институциите не слушаат, истрајноста сама станува глас.

Како што информираат од Фестивалот, со документарна искрена наративност, овој филм се занимава со маргинални карактери кој се заборавени од обштеството. Со голем труд и желба ова здружение гледа потенцијал во овие млади деца, давајки им креативен простор каде можат тие да ги изразат својте емоции преку нај различни форми на уметноста. Борејки се со сите предизвици на модерното општество, овие херои достојно докажуват дека уметноста ќе најде начин. За најдобар филм во национална студентска селекција жирито реши да ја даде наградата на филмот „Борби со Ветерници“.

Реклама

Долбитник на главната награда за најдобар интернационален студентски филм е филмот „Мајка на еден син“ (Mother of A Son) во режија на Кевин Кох (Kevin Koch). Режисерот вешто владее со кратката играна форма, има силен и зрел филмски израз кој навлегува во една тешка и чувствителна тема и успешно го доловува чувството на вина и грижа на совест. Филмот има извонредна фотографија, снимен на 16мм лента, исполнет со една траорна атмосфера која дава дополнителна тежина на филмот.“

Жирито на официјалната селекција билоа составена од актерката Сара Климоска, Дарко Набаков, актер, историчар на уметност и извршен директор на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“, Василис Терзопулос, главен програмер на интернационалната селекција на филмскиот фестивал на краток филм ДРАМА.

Наградата за најдобар филм во меѓународната конкуренција ја добила филмот „No Skate!“ од Гил Села. Посебно нè привлече чувствителниот начин на кој филмот ја истражува тагата низ детската перспектива. Неговиот поетски визуелен јазик, носталгичните пејзажи и атмосферата налик на сон создаваат посебен свет во кој загубата се изразува преку слики, тишина и набљудување, наместо преку зборови. Неговиот суптилен и внимателно изработен пристап ни остана во сеќавање долго по проекцијата.

Добитник на специјално признание во меѓународната конкуренција му припаднала на филмот „NESTLING“ во режија на Георги Мартев.

За генијалниот, а сепак крајно реалистичен приказ на меѓугенерациските односи, кои длабоко во себе кријат автентичен балкански идентитет – темпераментен, експлозивен, а истовремено произлезен од чувство на вистинска љубов, и за хумористичната употреба и деконструкција на стереотипите, што му овозможува на секој гледач да пронајде дел од себе во приказната, наградата за најдобар филм во националната конкуренција му се доделувала на филмот „Клупа“ во режија на Трифун Ситниковски.“

За најдобар филм според публиката беше изгласан студентскиот „Езерото“ во режија на Софија Христовска.