Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Македонија

Соборно литургиско чествување по повод Денот на сите македонски светители и 40 години од епископската служба на архиепископот Стефан

По повод Денот на сите македонски светители и одбележувањето на 40-годишнината од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Денот на сите македонски светители и одбележувањето на 40-годишнината од епископската служба на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ – Скопје в недела во 9:00 часот ќе се одржи литургиско чествување.

-Возљубени во Господа, по повод празнувањето на Денот на сите македонски светители и одбележувањето на 40-годишнината од епископската служба на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, упатуваме срдечна покана до сиот верен народ за заедничко литургиско чествување, стои во соопштението од Соборниот храм во Скопје.

Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет.

Реклама

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан замонашен е на 3 јули 1986 година во манастирот „Свети Наум Охридски“ во Охрид, хиротонисан  е за епископ на 12 јули 1986 година во храмот „Свети Димитриј“ во Скопје, како митрополит Злетовско-струмички, а по поделбата на епархијата, именуван е за митрополит на Брегалничката Епархија, со седиште во Штип.

Во наредните години, покрај работата на Православниот Богословски Факултет, бил главен уредник на весникот „Црковен живот“, а ги вршел и функциите ректор на Македонската Православна Богословија – Скопје, во периодот 1991 – 1999 година, и портпарол на Светиот архијерејски синод.

На Црковно-народниот собор, одржан на 9.10.1999 година, во Соборниот храм на древната Охридска Архиепископија „Света Софија“ во Охрид, бил избран, а на 10.10.1999 година востоличен како петти Поглавар на Македонската Православна Црква и оттогаш тој ја извршува должноста Архиепископ Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана, а истовремено е и надлежен архијереј на Скопската Православна Епархија.