Реклама

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Македонија

Општина Карпош и Коалиција СЕГА го отворија Младинскиот центар Карпош

Општина Карпош и Коалиција на младински организации СЕГА официјално го отворија Младинскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Карпош и Коалиција на младински организации СЕГА официјално го отворија Младинскиот центар Карпош во Сала Партизан (кат 1) во Карпош. Денешниот настан ја одбележа неговата официјална промоција како нов простор за младите, нивниот развој, активно учество и создавање нови можности во локалната заедница.

„Младинскиот Центар Карпош е од големо значење не само за младите, туку и за целата локална заедница. Центарот е место каде младите ќе можат да ги реализираат своите идеи, да стекнуваат нови знаења и вештини, да се поврзуваат и активно да учествуваат во животот на заедницата. Нека овие простории не бидат само канцеларии и простори за активности, туку места каде што се среќаваат луѓе, се раѓаат идеи и се создаваат промени“, истакна градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски.

Тој нагласи дека Младинскиот центар ќе претставува отворен простор за соработка, учење и развој на иницијативи кои ќе одговорат на потребите на младите во општината.

Реклама

„Денес отвораме уште едно безбедно место за младите во Карпош – простор за воншколска едукација, животни вештини и кариерен развој. Ова е пример што треба секоја општина да го следи, зашто само така ќе ги направиме општините по мерка на младите и во тренд со нивните потреби. Со ова го претвораме законот во реалност и им даваме на младите место каде навистина можат да растат и да се развиваат“, истакна Зоран Илиески, извршен директор на Коалиција на младински организации СЕГА.

Младинскиот центар Карпош ќе биде место каде младите ќе можат квалитетно да го поминуваат своето слободно време, да развиваат нови вештини, да учествуваат во активности и иницијативи и активно да придонесуваат кон развојот на локалната заедница.