Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, денеска ја посетил Општина Карпош и имал средба со градоначалникот Сотир Лукровски, на која, како што наведува Општината во соопштение, разговарале за состојбите во локалната заедница, состојбата на верските објекти на територијата на Општина Карпош, како и за значењето на духовноста, вербата и меѓусебната почит во градењето сплотена и солидарна заедница.
Било истакнато дека почитувањето на различностите, духовните убедувања и достоинството на секој човек се важни темели за мирен и хармоничен соживот, а заедништвото и дијалогот се вредности што ја поврзуваат локалната заедница.

-По повод 50-годишниот јубилеј на Општина Карпош, Неговото блаженство упати честитки до раководството и граѓаните на општината, со желби за понатамошен развој, благосостојба и заедништво. Општина Карпош останува посветена на градењето заедница заснована на почит, дијалог, духовност и заеднички човечки вредности, информира Општина Карпош.

